mina blazev

Детскиот избор за песна Евровизија 2017 ќе биде 15-тото издание на Детската Евровизија, и ќе се одржи на 26 ноември 2017 година во Тбилиси Спорт Палас, во Тбилиси, Грузијa. Боите на Македонија на детската Евровизија овој пат ќе ги брани Мина Блажев.
Како се случи оваа шанса?

-Беше организирана аудиција каде учествуваа 11 деца и една од нив бев и јас. Потребно беше сте учесници да одбереме две песни и да се претставиме со нив. Јас се претставив со: I put a spell on you и House of the rising sun. По неколку дена моите родители добија порака дека јас бев избрана да пејам на детската евровизија.
Дали Ти се допаѓа песната која за тебе ја напиша Александар Масевски? Се консултуравте ли заедно пред да биде целосно направена, имаш ли и Ти свој удел?
-Секако дека ми се допаѓа песната која ја изработи Масевски а и тоа е многу важно затоа што доколку не ми се допаѓаше песната која треба да ја изведувам немаше на сцена да биде присутна и потребната енергија а и целиот труд ќе паднеше во вода. Јас имав потполна доверба во Масевски затоа што по песната на Мартија сите бевме сигурни дека ќе излезе еден одличен продукт. Секако и јас учествував во процесот, а Масевски се потруди да направи песна каква што јас сакам и стил кој мене ми се допаѓа и ми одговара.
Како ќе изгледа Твојот настап на сцената во Тбилиси?

-Спремивме анимација која ќе се прикажува на лед екраните кои ќе бидат зад мене. Анимацијата се движи по светски принципи што ќе придонесе и сцената да изгледа многу моќно и исполнето.
Кој ќе дојде да те подржува на самото место? Се радуваш Што ќе се дружиш со другарчиња од други земји?
-Ќе дојде мојата фамилија и секако продуцентот Александар Масевски. Пресреќна сум што ќе бидам дел од самата детска евровизија а уште посреќна што ќе се дружам и со деца од другите држави. Веќе и контактирам преку социјалните мрежи со децата кои ќе бидат дел од детската евровизија и уште пред да се запознаеме во живо знам дека ќе има многу дружење и многу спомени кои по евровизијата ќе бидат дел од мене
Ја следиш ли редовно детската Евровизија, а и Евровизијата за „возрасни“. Кои песни ти оставиле впечаток?

-Да, многу сакам да гледам такви шоуа кои имаат и натпреварувашки карактер и кои се добро познати за луѓето од различни држави. Од детската Евровизија до сега најмногу ми се допаѓа песната на Мартија :”Love will lead our way” а од Евровизијата најмногу ми се допаѓа песната со која се претстави Бугарија претходната година и го освои второто место: “Beautiful Mess”.
Кога станува збор за идоли, кои се идолите на Мина?

-Добро познатите за сите Justin Bieber и Ariana Grande се моите најголеми идоли. Тие уште од најраната возраст се пробиле и станале дел од светската естрада. Скоро сите нивни песни биле дел од листата на топ 30 песни за целиот свет. Еден ден би сакала и јас да бидам како нив и нормално да направам и заеднички хит.
За крај, да ни кажеш нешто повеќе за себе, што најмногу сакаш, кое е Твое хоби и дали музиката ќе биде твоја определба во животот?

-Сакам да се дружам со моите врсници, да патувам , да истражувам… А музиката, музиката дефинитивно е мојот живот, тоа го знам сигурно што значи веќе од мали нозе се имам определено за мојата професија.

Advertisements