***


riste
(Скопје, 5.01.2018)

Победникот на најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески претстави магична видео приказна за својата прва студиска песна насловена како „Добро јутро тајно“.
Зад песната „Добро јутро тајно“ како автор на музика и текстот се потпишува хит-мејкерот Бане Опачиќ, додека аранжманот е на Маријо Пајиќ. Песната е комплетен подарок од продукцијата „Гранд“, додека спотот е снимен по идеја на Ристе.
Пантомимичарот Мето Јанакиевски и манекенката Андреа Златков се ликовите кои се појавуваат во видео приказната снимена во режија на Даниел Јовески.
-Чест и задоволство ми е да ви ја честитам Новата година и празниците со веќе долгоочекуваниот спот за мојата прва песна. Ова е првиот производ и се надевам дека ќе биде добро прифатен од целокупната јавност. Продукцијата „Гранд“ ги исполни сите ветувања, а веќе работиме и на нови проекти кои нестрпливо чекам да ги објавам, во дописот до медиумите вели Ристе Ристески.
Ристе Ристески како победник на минатогодишната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ потпиша ексклузивен договор за работа на девет години со продукцијата „Гранд“, а доби и автомобил марка Шкода и две песни од автори по негов личен избор.


***
Riste published a video about “Good Morning, my secret”

(Skopje, 5.01.2018)

The Winner of the most viewed regional music show “The Stars of the Grand”, Riste Risteski, presented a magical video story for his first studio song titled “Good Morning, mu secret”.
As the author of music and the lyrics is signed the hit-maker Bane Opacic, the arrangement is signed by Marijo Pajic. The song is a complete gift from the production “Grand”, while the video is recorded according to Riste’s idea.
The pantomime Meto Janakievski and the model Andrea Zlatkov are the characters that appear in the video story filmed by Daniel Joveski.

-I am honored and pleased to congratulate you the New Year and the holidays with the long-awaited video for my first song. This is the first product and I hope it will be well received by the general public. The production “Grand” has fulfilled all the promises, and we are already working on new projects that I’m eagerly waiting to announce, to the media says Riste Risteski.
Riste Risteski, as the winner of the “Grand Stars” last year, signed an exclusive contract for nine years with the production “Grand”, and received a Škoda car brand and two songs by authors on his personal choice.

Advertisements