scc

Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Skopje Cinema City ја отпочнува новата година со својот прв настан или со т.н. Зимско издание (Winter Edition), на кое традиционално ќе репризира дел од филмовите од претходното, премиерно издание во 2017.
На 2 и 3 февруари 2018, во Кинотека на Македонија, публиката ќе има можност да погледнете филмови чиишто проекции беа дел од третото издание на ССС. Зимското издание е прв од четирите филмски настани што се планирани да се случат оваа година во различни периоди – нешто што го нарековме „Четири годишни времиња“. За секој настан ќе има посебно известување за содржините.
Скопје Синема Сити, преку својата платформа и избор на документарни филмови, има за цел да претставува разни музички теми и програми кои истовремено ќе едуцираат и ќе забавуваат.
02.02.2018 (Петок)
20.00– Kraftwerk: Pop Art (60 мин)
21.30– Лиса Жерар:Светилиште (Lisa Gerrard: Sanctuary) (90 мин)
03.02.2018 (Сабота)
20.00 – Во сеќавање на Лу Рид (Remembering Lou Reed) (60 мин)
21.30 – Дејвид Боуви на БиБиСи (David Bowie at the BBC) (60 мин)

Картите ќе може да се купат на билетарницата во Кинотека на Македонија, а резервациите ќе може да се направат од 16-19 часот на тел: 02 306 5968.

Advertisements