Chetkar

***

Македонскиот џез и фанк гитарист Владимир Василевски – Четкар на 17 јануари со почеток во 21.30 часот ja отвора овогодишната концертна сезона во ноќниот клуб „Станица 26“, организирана од продукцијата „3Гонга“.
Музичарот за првпат ќе настапи во Македонија со септет, составен од познати македонски музичари како: Ѓоле Максимовски на бас, Филип Стевановски на тромбон, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Демир Катуровски на труба, Виктор Филиповски на тапани и Гордан Спасовски на клавијатури.
Четкар, кој живее и работи во Њујорк, а музицира буквално низ целиот свет и досега има настапувано на сите светски релеватни џез фестивали и клубови, не сака да го скрие големото задоволство што настапува на домашен терен со извонредни македонски музичари:
„Го познавам добро тимот кој стои зад „3Гонга“ и знам дека станува збор за исклучителни познавачи на музиката, кои работат со голема посветеност и љубов. Има голем ентузијазам и кај мене и кај нив за оваа наша соработка и воопшто не се сомневам дека ова ќе биде еден прекрасен концерт. Досега во Македонија најчесто сум настапувал со секстет, квартет или трио, а ова ќе биде за првпат да настапам тука со септет. Ќе свирам своја авторска музика и аранжмани од моите два албума, а ќе отсвирам и неколку композиции, кои оваа година ќе се најдат на мојот трет студиски албум“ вели Четкар.
Инаку, Владимир Василевски има завршено музичка продукција, аранжман и џез гитара на престижниот Беркли колеџ во Бостон, САД. Дипломец е на отсекот за современо пишување и продукција. Иако гитарата е неговиот избран инструмент, својата првична музичка наобразба ја започнал како виолинист и ова знаење многу му има помогнато подоцна, бидејќи денес една од неговите аранжерски специјалности е токму аранжирање за гудачки секциии.
Како автор и продуцент на својата музика, Четкар има огромен круг музичари од целиот свет со кои соработува. Постојано свири со нови музичари од различни краишта на светот и со самото тоа неговата музика секогаш звучи свежо и има разнолик шарм.
Музика на Четкар е дистрибуирана и промовирана во повеќе земји и тоа за најпознатите музички куќи во светот за џез, фанк и соул како P – Vine Records (Пи Вајн Рекордс) и BBQ Records (Би Би Кју Рекордс) во Јапонија, Warner Music Korea (Ворнер Мјузик Кореа) и C&L Music (Си Енд Ел Мјузик) во Јужна Кореа, Hitman Jazz Records (Хитмен Џез Рекордс) во Тајланд и Југоисточна Азија, Soul Brother Records (Соул Брадер Рекордс) и Expansion Records (Експанжн Рекордс) во Англија, Newtown records (Њутаун Рекордс) во Австрија/Германија, Surya Records (Суриа Рекордс) и Diamond Records (Дајмонт Рекордс) во Италија…

***

Vladimir Cetkar - Blue Note, NYC.jpg
Macedonian jazz and funk guitarist Vladimir Vasilevski-Chetkar on January 17, at 21.30, opens this year’s concert season in the nightclub “Station 26”, organized by the production “3Gong”.
The musician will perform for the first time in Macedonia with a septet, composed of famous Macedonian musicians such as: Gole Maksimovski on bass, Filip Stevanovski on trombone, Borislav Veselinov on tenor saxophone, Demir Katorovski on the trumpet, Viktor Filipovski on drums and Gordan Spasovski on piano keyboards.
Chetkar, who lives and works in New York, and musically literally around the world and has so far performed at all relevant international jazz festivals and clubs, does not want to hide the great pleasure that he performs at home with outstanding Macedonian musicians:
“I know well the team behind” 3Gong “and I know it’s about outstanding music
connoisseurs and admirers who work with great devotion and love. There is great enthusiasm for me and for them for this cooperation, and I do not doubt that this will be a wonderful concert. So far in Macedonia, I have often performed with a sextet, quartet or trio, and this will be the first time I will perform here with Septet. I will play my own music and arrangements from my two albums, and I will also play several songs that will be available this year on my third studio album, “says Chetkar.
Vladimir Vasilevski has studieted musical production, arrangement and jazz guitar at the prestigious Berkeley College in Boston, USA. He is a graduate of the Department of Contemporary Writing and Production. Although the guitar is his chosen instrument, he started his initial musical education as a violinist, and this knowledge helped him much later, because today one of his arranger specialties is exactly an arrangement for string sections.
As an author and producer of his music, Chetkar has a huge circle of musicians from all over the world with whom he collaborates. He constantly plays with new musicians from different parts of the world, and with this his music always sounds fresh and has a diverse charm.
Chetkar’s music has been distributed and promoted in many countries, for the most famous musicians in the world for jazz, funk and soul such as P-Vine Records and BBQ Records in Japan, Warner Music Korea and C & L Music in South Korea, Hitman Jazz Records in Thailand and Southeast Asia, Soul Brother Records and Expansion Records in England, Newtown records in Austria / Germany, Surya Records (Surya Records) and Diamond Records in Italy …

Advertisements