(Скопје,30.04.2018)

Во Алтиче арената во Лисабон, макеоднските евровизиски претставници „Ај кју“ денес ја одржаа својата прва проба, на која се гледа дека доминира весело лајт шоу.
Македонски претставници се Бојан Трајковски, вокалистката Марија Ивановска и тапанарот Иво Митковски, односно „Ај кју“, како и придружните вокали Антонија Гиговска, Дина Јашари и Валери Димовска.
Песната „Lost and found“ ја напиша Бојан, во аранжманот учествуваше и Дарко Димитров. Кореографијата ја направи Јана Андрејевиќ – Лазарева.
Во главна улога е Марија која шета низ сцената и со допир  ги „оживува“ останатите членови од бендот, притоа танцувајќи со придружните вокали…
Пробите почнаа вчера, 29.04.2018.
Двете полуфинални вечери годинава се на 8 и 10 мај, а финалето е на 12 мај. Македонија настапува во првата полуфинална вечер..
Минатата година победи Салвадор Собрал, кој на португалците им ја однесе Евровизија во Лисабон.

Advertisements