rok fest(Скопје, 2.05.2018)

Известува; Мишко Грбевски

Викендов (27, 28 и 29 април) во Младинискиот културен центар во Скопје, се одржа 31. издание на „Рок фест“, каде во трите вечери настапија 11 групи од Македонија и по една од Србија и од Грција.

Првата фестивалска вечер, во петокот, беше од натпреварувачки карактер, каде силите ги одмерија петте бендови – „Саундвејвс“ од Битола, и скопските „Фикшн“, „Антарт“, „Конспираси“ и „Метаноја“. Додека траеше пребројувањето на гласовите, на сцената свиреше групата „Гаргојлес“.

За најдобар бенд на „Рок фест“, годинава беше прогласен скопскиот прогресив-метал состав „Метаноја“, додека пак Виктор Захариев, гитаристот на групата „Фикшн“ од Скопје, е прогласен за најдобар инструменталист, на кого му беше врачена наградата , електрична гитара „Јамаха – Пацифика“, што  ја доделува музичкиот салон „До-ре-ми“.

Инаку, за победникот на „Рок фест“одлучи збирот на гласовите од публиката и од жирито, а токму „Метаноја“ добија најмногу гласови и од двете страни. За разлика од програсувањето на најдобриот бенд, најдобриот гитарист беше одбран според гласовите на самите гитаристи кои се натпреваруваа и од гласовите на жирито.

Натпреварувачката вечер ја отвори Мики Јовановски-Џафер, кој патем е победник на првиот „Рок фест“, во 1981 година, кога настпапуваше со својот бенд „Автограм“.

– На сите што вечерва ќе свирите, пред се ви посакувам одлична забава и ви почелувам многу успех во понатамошната работа. „Рок фест“ е манифестација која треба да се одржува, а тоа може само доколку има бенови кои сакаат да свират – рече на отоврањето Мики Јовановски Џафер, кој патем беше и дел од жирито.

***

Во натпреварувачкиот дел силите ги одмерија петте бендови – „Саундвејвс“ од Битола, и скопските „Фикшн“, „Антарт“, „Конспираси“ и „Метаноја“. Додека траеше пребројувањето на гласовите, на сцената свиреше групата „Гаргојлес“.

Сите пет бенда кои беа во натпреварувачкиот дел, покажаа одлични квалитети, а за изборот за победник влијаа само мали нијанси. Речиси сите групи и музичари кои вчеравечер настапија, не се раликуваа драстично во квалитетот, што е одличен показател дека оваа генерација на бендови навистина има што да понуди. Единствената разлика беше во стилот на музиката, што исто така е доказ дека андерграундот не треба секогаш да се поврзува со хеви-металот, туку и со останатите музички правци.

„Саундвејвс“ и „Фикшн“ презентираа одлична свирка, а нивната музика е во рамките на моќниот рокенрол со големи примеси на инди и добри гитарски делници. Токму гитаристот на „Фикшн“, Виктор Захариев, беше највпечатлив, и со полно право беше прогласен за најдобар инстурменталист.

Групата „Антиарт“ во која членуваат музичари кои веќе имат подолго искуство, сепак реши промоцијата на својот нов бенд да ја направат на „Рок фест“. Тие прикажаа голем професионализам од музичка и свиречка гледна точка. По нивниот настап, следуваше блок од два бенд, кои свират малку помоќна музика, односо музика која е во рамките на металот. „Конспираси“ очигледно е новиот бед од кој во иднина се очекува многу повеќе. Момците имаат јасна визија за тоа како треба да звучи еден метал состав. Со сличен музички стил се претстави и „Метаноја“, чија музикa се базира на прогресивниот метал. Групата имаше одличен сценски настап, а неколкуте песни што ги отсвиреја оставија најголем впечаток кај публиката.

***

Саботната вечер, беше резервирана двата скопски бенда, „Визија“ и „Стил темпл“, како и гостите од Србија, групата „Патриас“, додека пак од Грција дојде бендот „Резистанс“. Она што ги одлилкуваше овие групи е сличниот музички израз, кој полови на брановите на моќната хардрок и хеви-метлат музика. Членовите на српскиот бенд се покажаа како одлични инструменталисти кои умејат да направат одлична атмосфера. Станува збор за бенд кој зад себе веќе има еден студиски албум, а во моментов го снимаат материјалот за вториот. По нив следуваа нашите „Визија“, кои патем, настапија на последното издание на „Рок фест“, а нивниот гитарист Марко Џамбазовски тогаш беше прогласеn за најдобар гитарист на фестивалот. Но за разлика од тогаш, сега бендот звули многу помоќно и поуиграно. Вечерта продолжи со настапот на гостите од Грција, групата „Резистанс“, која преферира музика која се движи во рамките на хардрокот и металот. Впечатлив беше нивниот музичко-сценски настап, кои остави одличен впечаток. Последни беа момците од домашниот бенд „Стил темпл“, кој оваа година ја прославуваат 18. годишнината од своето оформување и до сега имаат два студиски албуми, и еден снимен во живо на нивниот настапот во Белград заедно со светските бендови „Џудаст прист“ и „Халовин“. „Стил темпл“ уште една покажа дека станува збор за искусен бенд кој звучи како забрефтана машина која руши се` пред себе.

***

Фестивалот заврши вчеравечер со настапот на три македонски бендови, „Морфеј“ од Куманово, како и скопсите „Блек енд вајс соушл клаб“ и „Никеја“. Тоа се групи кои веќе подлог период се активни на макеоднската музичка сцена и токму затоа нивните настапи беа на едно повисоко ниво.

Покрај свирката, публиката имаше можност да го погледне и документарниот филм „Рокенролер борн лузер“ по сценарио и режија на Аљоша Симјановски, како и ретроспективната изложба на фотографии.

zahariev.jpg

Фото: Зденко Петровски

 

Advertisements