(Скопје, 3.05.2018)

Низ објективот на Ангел Ситновски ви ја доловуваме атмосферата од концертот синоќа во ноќниот клуб Станица 26, кој воедно беше и концертна промоција на најновиот албум на бендот „Кабадајас“, со наслов „Од понеделник“. Албумот е издаден од концертната агенција и продукција „3Гонга“.

„Кабадајас“ ја сочинуваат тројца музичари Зоран Костадиновски на гитара, Џоле Максимовски на бас гитара и Дино Милосављевиќ на тапани и перкусии. Гости на албумот се Марија Димитријевиќ и Светлана Јовановска Трајкоска – вокали и Павле Васиљевиќ – клавијатури и програмирање.

Гости на концертот кои настапија заедно со бендот беа Марија Димитријевиќ, вокал, Светлана Јовановска Трајкоска вокал, Ратко Даутовски перкусии и Трајче Велков на труба, , кои направија одлична атмосфера синоќа на речиси интимната свирка, за фанови, пријатели и скопски рокери.

„Од понеделник“ е нивен втор албум. Првиот албум се вика IV, издаден е 2012 година од БАГИ Комуникации. Новиот албум е снимен во студио „Тра Ла Ла“ кај Мите Димовски, „Вода Медиа“ – Павле Васиљевиќ и „Алшар студио“ – Ивица Јанкуловски.

Веднаш по оваа концертна промоција, бендот продолжува со настапи низ Македонија, а потоа следуваат и патувања надвор од државата… Веќе се во преговори и со странски продуцент за ширење на нивната музика надвор од границите на земјава.

Advertisements