Специјално од Лисабон, Валентина Ѓоргиевска Парго (5.05.2018)

На три дена пред годинашниот евровизиски настап, на групата Ај кју, на 8 мај во салата Алтрис, во Лисабон, на самото место се бараат варијанти како до подобро претставување.

Замислената кореографија, во два дела, во која првиот дел почнува интензивно силно, како во црно бел филм, а потоа преку мост се сели приказната и станува во боја, е видоизмената. Кореографката Јана Андрејевиќ Лазарова откако нејзината идеја не наиде на поддршка од технички аспект, ја промени во дел приказната. Марија, пејачката на бендот Ај кју е во главна улога, два пати се преслекува, доста е провокативна, а имаше и обид за попровокатовно издание на сцена. Тоа е од она што засега се открива, а деталите се дополнуваат до последен момент. Поточно до вторник претпладне, 8 мај, кога е главната проба, пред вечерниот настап. Македонската делегација денес уживаше во официјална екскурзија, но и во интервју во студиото на Националната телевизија на Португалија. Во екипата се над десеттина претставници, неопходни за спектаклот, а во придружни вокали се Дина Јашари, Антонија Гиговска и Валери Димовска.

Евровизиската арена, сместена на брегот, во романтична морска атмосфера, се повеќе се згуснува со фанови и новинари, кои денес го достигна бројот 1550. Билетите за пробите се продаваат по 20 евра, а за финалето по 95 а и веќе нема да се најде. Утревечер е официјалната церемонија на свечено отворање, со делегациите од сите 42 земји. По техничките проби некои од пејачите ги посетија новинарите, а најмногу внимание предизвика Кристабела од Малта, која е омилена поради убавиот глас.

За македонската песна Lost and found владее општ впечаток дека е една од поубавите, но според рангирањето на новонарите се најде во вториот дел од првото полуфинале. Второто полуфинале е на 10 мај. Финалето е на 12 мајWP_20180505_14_12_13_Pro.jpg

Advertisements