Kalabalak 2018.jpg

“Калабалак”- е електронски музички фестивал кој традиционално се оддржува во Радовиш,оваа година на 14 јули. Својата прва едиција ја доживува во 2015 со огромен интерес и оставен впечаток кај љубителите на електронската музика од Источна Македонија, како и сите кои биле дел од ова музичко доживување. Оваа година е четвртото издание на Фестивалот Калабалак #4 организирано од страна на Experience, со многу поголема продукција за загарантирано доживување на фестивалот.

Организаторот со задоволство го најавува JUSTIN MYLO како главна ѕвезда на вечерта, диџеј и продуцент кој веќе има настапувано на сите најголеми музички фестивали ширум светот како Ultra Music Festival (Miami), Tomorrowland (Belgium), EDC (Las Vegas) и многу други. Познат е по неговите успешни соработки со холандскиот диџеј и продуцент Martin Garrix каде што заедно котираат високо на топ листите за електронска музика ширум светот.

За комплетно музичко шоу ќе се погрижат диџеи од Македонија Disconnected , Cyrillic i Ampov/

Влезниците можат да се купат на http://www.kupikartizase.mk или на самиот влез.

 

Advertisements