(Скопје, 6.06.2018)
Легендарниот тапанар Гарабет Тавитјан мината недела во Сули Ан прослави редок значаен златен  јубилеј, 50 години од својата музичка кариера. Ги собра најблиските и најценетите пријатели и соработници и во сцечена ВИП атмосфера одржа и концерт. Во еден дел од настапот му се придружија синовите Диран и Гаро јуниор
Маестрото нагласи дека со радост се сеќава на случувањата од овие 50 години, но ако на нешто прво би се сетил, тоа се почетоците, кои биле врзани еден добош и еден чинел. А првиот вистински инструмент кој го добил бил гитара. Тапаните дошле подоцна, објасни маестрото.
“Ви благодарам на сите што дојдовте. Мојата забава допрва сега почнува“, им порача на гостите.
легендарниот тапанар пред пријателите во Сули Ан, Гаро ја покажа сета своја мултиинструментална умешност, свирејќи на пијано, па на гитара, на тенџериња кои се негов заштитен знак, и за крај на тапани. Со мерак му се придружија и неговите синови, Диран и Гаро јуниор, свирејќи џез и блуз импровизации.  На крајот, настанот се претвори во џејм сешн  со легендарни музичари од неговото време пееја евергрини, кои им драги на сите генерации.
беше прикажан и документарец во кои негови пријатели зборуваа за него, а Мики Јовановски Џафер го сврсти Гаро во еден од најлегендарните тапанари на светот, што според многу музички легенди и мислења на новинари, е и сосема точно .

Advertisements