(Скопје, 6.06.2018)

Седумнаесетото издание на Оффест, 31 мај-0 5 јуни, навистина беше уште еден преркасен музички освежителен напиток за музичките сладокусци, и тоа како потребен пред летото, и пред периодот на испразнување н а главниот град.

Програмата и годинава како и секогаш вклучи актуелни и врвни светски имиња, овој пат гости од Европа, Африка, Америка, Индија и Австралија. Тие понудија десет концерти на три локации- Младинскиот културен центар, МОБ и клуб „Епицентар“.

(Фотографии од  официјалната фан страница)

https://www.facebook.com/OFFest/

 

Jupiter & Okwess од Конго, оние кои го отворија Оффест 2018, всушност гостува по втор пат, а со нив и нивната денс атсфера во денсинг салата на МКЦ на највесел начин се отвори фестивалот, на 31 мај.

Fighting Windmills (први јуни) беа единствената домашна група која настапи, и тие го претставија новиот албум на истиот простор, во МКЦ.Но Диртимјузик,  ол-старс група со Крис Екман, Хуго Рејс и Мурат Ертел,  се претставија во одлично, психоделично-рок издание.

Officina Zoe  од Италија на втори јуни освои  со својот хипнотички транс, во следните денови. Ifriqiyya Electrique (Тунис) и Gaye Su Akyol (Турција)  истата вечер освоија во Еицентар.

На 3 јуни пак, со почеток во 20.00 часот, во Киното Фросина во МКЦ  настапија Barmer Boys (од Индија) и Trans-Aeolian Transmission (Италија / Франција). Гостите од Индија, на својот штанд долнеле и рачно изработени папучи (40 евра), кои се продаваа со цедињата, плочите и маичките, главниот продажни производи, сите вечери (по цена од над 1.000 денари).

Она што следуваше синоќа, петти јуни, како главно задоволство беше преполниот концерт во МОБ, со ѕвездите на годинешниот фестивал, африканската кралица – Уму Сангаре. Најголемата африканска пејачка, од Мали. Атрактивна и за публика привлечна пејачка.

МОБ , набрзо по почетокот на концертот се претвори во еден голем диско клуб, во кој се танцуваше во заносниот африкански ритам. По два активни часа со танцување и пеење, никој не сакаше да и замине дома, а оние најголемите фанови а Оффест ја продолжија дружбата со гостите на фестивалот, во кафето Менада, каде музиката и пријатната седенка беше комбинирана со Асталните проектии на младите поети и нивното рецитирање.

Оф фест, како што кажа директорот на фестивалот Оливер Белопета догодина станува полнолетен. Ова е единствениот фестивал кој по својата квалитетна сдоржина му парира на Скопскиот џез фетсивал, на истиот организатор.

Она што можеби недостига е да се разбие и предрасудата дека овој фестивал за некои е баук и да одат да послушаат наместо балканска, ете, во овие ретки прилики и светска музика, која носи големо задоволство и ви ги отвора чакрите на интересен спонтан начин. Ве тера да се чувствувате светски.

Голем број уметници, меѓу нив и Милчо Манчевски, Влатко Стефановски, Вера Милошевска, Петар Младеновски (Суперхикс), Владимир Стојчевски (К.У.Р.)  и други беа во публика на Офф фест 2018, фестивал кој го разигрува и живнува срцето на градот, традиционално секоја година во крајот на мај и почетокот на јуни. Догодина, директорот, вети исто така значајни имиња и многу вистинска музика, за одбележување на полнолетството.

 

 

Advertisements