М.А.Н. – македонски алтернативни награди ќе се оддржат по 4-ти пат на 16 јуни, со почеток во 12:00 па се до 01:00 во Градскиот парк во Скопје, на добро познатата Школка во градскиот парк. Оваа година, покрај професионалното озвучување, видео ѕидот, професионалната бинска опрема, (како и изминатите години), ЛЕГЕНДИ ќе ја примат наградата за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена: Лева Патика,Васко Атанасоски, Зијан, Канго(посхумно),Клан Исток, No Name Nation, Royal Albert Hall,Розе Кадилак, SUNS, Тоше Филиповски, Златко Трајковски – ХИНКИ(посхумно), Диџеј Гоце Мастер Г .
На сцената на школка ќе настапат 27 бендови и артисти меѓу кои : Меморија, Горан Трајковски – Готра, Диџеј Гоце(С.А.Ф.),Васко Атанасоски (ХаХаХа/Бернајз пропаганда/Ф.П.О.), КЛАН ИСТОК, Д Далтонс, Autmind, No name nation, Последен Удар, Short Fuse Hero, Kepurdath, YOU, К.У.Р.- Културно Уметнички Работници, Мариналеда, САМ, My Tear, Full Stop, Man in a suit, Тотално Опуштање, Фуснота, RGB, Морфеј, AL ALION, КАИН, Voltaire Mani Al Hakin – МАРСО(ГРУПА ЗЕРО).
Оваа година специјална награда ќе добие и филмот Исцелител на Ѓорче Ставревски и тоа не за успехот на филмот, туку за истрајноста и моќта на креацијата на режисерот кој со минимални средства успеа да го створи своето ремек дело, што е всушност во корелација на творењето на македонската алтернативна сцена која иако не поддржана и многупати неправедно минимизирана и исмевана, успева од година во година да реализира и материјализира голем дел од македонската уметност и култура на која потоа по добиениот кредибилитет во светот и на балканот станува препознатлива и праведно вреднувана . https://m.youtube.com/watch?v=mH9GXCGaJC8

Advertisements