мери.jpg
(Скопје. 11 јуни 2018)

Мери Тодорова Младеновска сними нова песна, овој пат на англиски јазик, и носи наслов Lights
Авторка на текстот е самата таа, музиката и аранжманот се на Ристо Апостолов(„Водолија“).
Мери е новинар, Тв водителка и првенствено академска ликовна уметница, која од пред неколку години почна и поактивно да се занимава со поп музика, а Гран при со поп темата „ Не допирај ме“ освои минатата година на охридскиот „Канео фест“.
За оваа песна и за песната „Те молам немој да одиш“ нејзиниот менаџер, воедно и брачен другар Симе Младеновски, најавува спотовиво блиска иднина.
Уметницата, полека но сигурно го подготвува својот прв албум, со девет песни, на кој ќе има неколку дует-песни
Текстови ги пишуваат таа, Огнен Неделковски и Бранко Николовски, а музиката Ристо Апостолов,Гаро Тавитијан, Јане Дунимаглоски, Томче Коцевски Дејан Миленковски.
Симе Младеновски нагласува дека покрај музиката продолжуваат и со емисијата „Лица и дела“ на Тв Сонце, на која мери е автор и водител а Симе продуцент. Во емисијата гостуваат минентни познати личности.

Advertisements