kaneo fest.jpgОвoј викенд во сабота на 30.06.2018год, по 17-ти пат ќе се одржи фестивалот „КАНЕОФЕСТ“.Оваа година локацијата на одржување ќе биде на новиот миниплоштад до ТЦ „Амам“(наспроти Македонска пошта).Во една фестивалска вечер,овојпат ќе бидат изведени над 20 новосоздаденимакедонски песни во правецот на поп и фолк музиката.Фестивалот е во организација на Телевизија Морис,а е поддржан од Општина Охрид.Специјални гости во ревијалниот дел на фестивалот ќе бидат Охридската група „Камелеон“,како и доаенот на македонската народна песна Наум Бурназ.Фестивалот започнува во 20:00 часот.