Во рамките на 40 дневната манифестација „Скопско лесто 2018“ на 30.06.2018, сабота, ќе се реализира мултимедијалниот проект „Патување со Големата Мајка“, изложба на ликовни творби на децата од 5 годишна возраст од Предучилишната установа„Детска радост“, со почеток во 11:00 часот, во Музеј на град Скопје.
Во недела, 01.07.2018, ќе се одржи концерт „Импресии“ на триото Момчило Куфојанакис – виолина, Весна Ангелова Христов – пијано и Станимира Ангелова (Бугарија) – виолончело, со почеток во 21:00 часот, во Музеј на град Скопје.
На 02.07.2018, понеделник, премиера на театарската претстава за деца „Поштенска бајка“, која ќе се одигра во Детскиот театарски центар со почеток во 19:00 часот.
Продукција: Театар за деца Чаир
Дизајн на кукли: Енес Деари
Сценографија: Крсте С. Џидров и Енес Деари
Музика: Светозар Георгиев
Играат: Деа Пајазити, Флакрон Алии, Елдин Широки, Ментор Курти
На 02.07.2018, понеделник, концерт на Дувачкиот квинтет „Јозеф Хајдн Брас“ (JOSEPH HAYDN BRASS) – Австрија, со почеток во 21:30 часот, на Плоштад „Мајка Тереза“ (Плато пред Македонска опера и балет). Овој концерт е во соработка со Амбасадата на Република Австрија.
Петер Бауер (Peter Bauer) – труба
Јохан Штангл (Johann Stangl) – труба
Роберт Поперл (Robert Popperl) – тромбон
Гинтер Клајдости (Gunter Kleidosty) – туба
Флориан Јанежич (Florian Janezic) – хорна

Advertisements