вечерва, 04.07.2018, среда, ќе се одржи концерт на Хорот „Серенада“, со диригент Благица Душкова и на ХМД „Кочо Рацин“, со диригент Светлана Сандева. Концертот ќе започне во 21 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.
 
Хорот „Серенада“ е формиран 2007 по иницијатива на Душкова Благица – диригент. Хорот е под покровителство на општина „Карпош“ и брои 20 членови. На репертоарот има повеќе од 40 композиции од класична, духовна и македонска фолк музика. Хорот со успех настапува на сите манифестации и натпревари во Македонија и странство.
 
ХМД „Kочо Рацин” е формиран во далечната 1946 година во селото Горно Врановци. Оттогаш, па се до денес, видни имиња од македонската хорска музика се јавуваат како негови диригенти: Трајко Прокопиев, Кирил Спирковски, Ѓорѓи Смокварски, Жифко Фирфов, Стефан Гајдов, Томислав Шопов, Жанета Дивјаноска Донева, Стојан Стојков, Тоде Радески, Илија Атанасов, Летка Димова Полизова, Билјана Таковска, Сања Пановска, Марко Павлевски и Светлана Сандева.
   
Следниот ден, на 05.07.2019, четврток, ќе се одржи спектакуларен концерт на „Sethstat“ и „Fighting Windmills“, со почеток во 22:00 часот, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. Ќе биде изведено делото “In C” од американскиот минималистички композитор Тери Рајли, адаптирано и изведено од групите „Sethstat“ и „Fighting Windmills“. Билетите се во продажба во Југотон Рекордс, по цена од 200 денари.
 
Нинослав Спировски – кларинет, сопран саксофон, тенор саксофон
Владан Дробицки – тромбон
Антоние Весковски – тапани, вибрафон, маримба
Гоце Наумов – тапани, ударалки, електроника
Филип Букршлиев – електрична гитара
Панче Бујуклиев – аналоген синтесајзер
Павел Дробицки – електричен бас
Дени Омерагиќ – контрабас
„Скопско лето 2018“ најавува балетска претстава „Либертанго“, во продукција на Балетот на Македонска опера и балет, која ќе се одигра на 06.07.2018, петок, со почеток во 20:00 часот, во Салонот на Македонска опера и балет.
 untitled (20).png

Advertisements