Бидејќи синоќа се одложи поради временските услови, вечерва, 10.07.2018, понеделник, ќе се одржи ексклузивен концерт на Младинскиот светски џез оркестар (JM World Jazz Orchestra) на чело со светско-познатиот Луис Бонила (Luis Bonilla), со почеток во 22:00 часот во кино Фросина. Концертот е во соработка со Музичка младина на Македонија. Билетите се во продажба во Југотон Рекордс, по цена од 200 денари.
 thumbnail (2)
Младинскиот светскиот џез оркестар е првиот интернационален младински џез оркестар во светот, составен од 18 млади професионални џез музичари избрани преку отворени глобални аудиции. Бендот работи со најдобри диригенти, уметници и композитори во светот и годишно оди на турнеја , појавувајќи се на престижни европски места и џез фестивали. Во јули 2018год. овој оркестар ќе ја донесе глобалната иднина на џез музиката на Балканот со неговата 7-ма европска турнеја. Млади музичари претставувајќи 12 различни земји и 6 различни континенти ќе одат на турнеја низ Македонија, Бугарија, Хрватска и Словенија, водени од меѓународно признат тромбонист, композитор и едукатор од САД, Луис Бонила. Младинскиот светскиот џез оркестар има работено со познати интернационални џез артисти како Гонзало Рубалкаба, Џон Рајли, Хектор Мартигнон, Карлхајнц Монтро и Сиги Фигл. Има настапи на масовни концерти и џез фестивали, вклучувајќи ги Монтро џез фестивал, Џез фестивалот Северно Море и Уникредит Павилионот на Милано. Овој оркестар е формиран во 2012год. од ЈМ Интернешнал, мрежа од невладини организации за музика за млади која работи за да направи разлика низ музиката преку сите граници. Младинскиот џез оркестар продолжува да просперира под менторството на Луис Бонила, кој се враќа за неговата четврта сезона како Уметнички директор.

Advertisements