Screenshot_20180730-161601Охрид, 1 Август 2018
Уште едно непроценливо музичко задоволство од национално значење не очекува вечерва- живата гиратска легенда Влатко Стефановски ќе одржи концерт во Античкиот театар во Охрид, вечер од 22 часот.
Македонскиот гитарски виртуоз е целосно подготвен за средбата со својата публика, дури и да заврне Влатко останува на Антички.
Тој ќе го изведе извонредниот инструментален репертоар од својот најнов албум „мајчин јазик“, со гитарски верзии на познати македонски народни песни. Негови гости ќе бидат неговите пријатели Теодосиј Спасов од Бугарија, хармоникашот Танос Ставридис од Грција, Биља Крстиќ од Србија, Весна Гиновска Илкова и македонската група „Љубојна“.
– Охрид рече дека е место полно со магија, дух, уметност, неверојатна природа и претставува секогаш голема инспирација и возбуда за мене. Верувам дека охридскиот концерт ќе биде кулминација на сите мои трагања, музички и просторни. Со нетрпение го очекувам концертот и моите гости кои доаѓаат од разни страни, рече неодамна Стефановски на прес-конференција во Скопје.
Во националниот семакедонски празник Илинден, Охриѓани и туристите ќе влезат со концертот на најпознатиот македонски гитарист.
Влатко е во Охрид сиве денови, каде интензивно се одвиваа пробите (фотографијата е од неговиот инстаграм профил).
Менаџерот Владимир Мандичевски Манде, од организаторот на концертот „Баги комуникации“ најави дека меѓу ВИП гостите во публика ќе биде и првата жена премиер на Словенија Аленка Братушек.
Почетокот на концертот е во 22 часот. Влезниците, за овој културно музички настан кој не се пропушта, се по цена од 1.000 и 1.2000 денари.
(Ва.Ѓ. Парго)

Advertisements