Paragon Record Label Ви ги претставува BDM, свежиот звук на новата модерна македонска музика со нивниот прв видео запис за песната „Lee”.  Интерконтиненталенот продукт, работен во Скопје, Белград, Лондон и Детроит е уште еден доказ дека денешниот музички свет не познава граници, туку вистински квалитетен звук инспириран од едноставна, емотивна приказна, што веројатно сите, сме ја доживеале.

„Lee” e режисерско деби на Виктор Стоимиров, а е визуелно воден од блескавата Елена Гугоска. Стоимиров успева да ја пренесе едноставната порака – за кршливоста на љубовта и моќта во таква ситуација, да се издвојат убавите моменти кои вредат да се запомнат.

Зад карактеристичниот вокал на „Lee” стои светската Yova, a песната повеќе од еден месец одлично котира на светските стриминг сервиси, воедно е и достапна на iTunes, Spotify, Google Play, Apple Music, Deezer и Shazam.

ЛИНК ДО ВИДЕО: https://www.youtube.com /watch?v=lsu55DHPWd8
TV EDIT DOWNLOAD LINK: https://we.tl/np3zQRgWaO
RADIO VERSION DOWNLOAD LINK: https://we.tl/O2Rk1hcLfE

Advertisements