ДУПЕР е скопски бенд кој со себе носи нова енергија и свежина на музичката сцена.
Во составот влегуваат тројца млади музичари, Борис Какуринов на гитара и клавијатурa, Илчо Нечовски – вокал и бас гитара и Мартина Баракоска на тапани.
„Не сум твој тип“ е нивната прва песна со која успеваат да ја пренесат нивната позитивност.
Автори на музиката, текстот и аранжманот се ДУПЕР, а зад снимањето, миксот и мастерот на песната стои Ангел Ќосев од студиото „Подрумот“.
Видеото за „Не сум твој тип“ е во режија на Томи Акимовски.
Во подготовка е и нивниот прв албум

Advertisements