DSC_0779.JPGМинистерот за култура Асаф Адеми, денеска (29.08.2018) во просториите на Министерството за култура  оствари кратка средба со претставници на културно уметничкото друштво „Каршиака“ кои се организатори на 12-тиот по ред Меѓународен фолклорен фестивал „Скупи 2018“.

Станува збор за фестивал од  ревијален карактер кој е дел од Годишната програма на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес и на кој учествуваат фоклорни друштва од девет земји од регионот и светот: Мексико, Аргентина, Северен Кипар, Украина, Бугарија, Турција, Албанија, Косово и од Македонија. Во рамките на фестивалот учесниците кои се вистински репрезенти на фолклорот и традицијата на земјите од каде доаѓаат ќе одржат повеќе концерти и тоа денеска во општина Сарај и утре на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. На средбата министерот Адеми на присутните им врачи пригодни подароци.

Advertisements