ff2Пантелис Кастанидис: По соработката со тимот на Сакис,  следува настап на “Охрид фест 2018 Пантелис Кастанидис е еден од најнадежните млади уметници во Грција. Роден во градот Патра на 4 март, овој грчкиот изведувач доаѓа од семејството на музичари, па сосема логично е што почнал да се занимава со музика од свои 4 години.Студирал драма и учествувал во антички театарски претстави. Пантелис ги направил своите први чекори во музиката, со бројни настапи во живо во разни помали музички сцени низ целата Грција. Сепак, неговиот брз пробив му пружил шанса да настапи и на поголеми музички сцени и да пее во соработка со најпопуларните и важни пејачи на грчката музичка сцена. Да споменеме-Наташа Теодориду, Лакис Пападопулос, Јоргос Јанис, Валантис, Темида Адамантидис, Каити Гарпи, Катерина Станиси. Стелиос Дионисиу, Илиас Вретос, Христос Павис, Катерина Стикуди и многу други  некои од важните уметнички имиња со кои има пеено заедно. Неговата дискографија започнува уште во 2010 година, кога ја објави песната “Den xero poios eime” (“Не знам кој сум јас” ), која беше втора на натпреварот Eurovoice. Во 2011 година го издава новиот сингл “Vgeno stous dromous” (“Одејќи  по улици” ), додека следната година направи нова верзија на баладата од 80-те “Фила ме” од Рифифи. Следното дело е песната “Apo simera” (Од денес) во 2014 година, акоја се прикажува во музичкиот канал на MAD TV и е прогласена песна на неделата во грчката MTV. Две години откако го претстави новиот сингл “Прин кала кала” ја снима  “Тора агапао” (“Сега  сакам”) со кој ја ќе ја претставува Грција на Меѓународниот фестивал Охрид фест, како предлог на музичкиот клуб ИНФЕ Грција.
Во 2017 година учествува во грчкото издание на The Voice и бил избран да се приклучи на тимот на познатата грчка ѕвезда Сакис Рувас.
избран да се приклучи на тимот на познатата поп ѕвезда Сакис Рувас. IMG_08713.jpg
Advertisements