karolina.jpg(Скопје, 1.11.2018)
Поп пејачката Каролина Гочева сними спот за песната „Бели цветови“, нумера која е дел од албумот „Извор“.
Спотот се снимаше на повеќе локации низ Скопје, во режија на Чедо Поповски.
За новиот спот Каролина вели:
-Драги мои, со задоволство ви го претставувам видеозаписот за највеселата песна од албумот, ‘Бели цветови’. Се надевам дека нашава убава приказна дополнително ќе ви ги разубави овие последни сончеви денови. Уживајте!“
Таа е една од најпознатите поп пејачки кај нас, а беше македонска евровизиска претставничка во 2002 со песната „Од нас зависи“ и во 2007 година со „Мојот свет се вика музика“.
Advertisements