pepa3.jpeg

(Скопје, 1.11.2018)
Пепа Димитрова обајави спот за песната “Ти си тој”,која беше промовирана на овогодинешното издание на Охрид Фест, каде меѓудругото ја доби наградата “Долни Сарај” како и трета награда од публиката.

Како автори на песната се потпишани : Хрис Марин како композитор, Владимир Дојчиновски како аранжер и Огнен Неделковски како текстописец.
Видеото се снимаше на неколку локации на преубавото мавровско езеро, во Леуново и Галичник, каде покрај Пепа која е во улога на раскажувач се појавуваат и двајца вљубени млади луѓе за кои штотуку започнува љубовната приказна и пеперутките во стомакот.
– “Не застанувам со работа, тоа ме исполнува и ме прави среќна, се надевам дека догодина на пролет ќе го издадам моето првенче, а до тогаш и уште неколку видео изданија и песни. Ги сакам баладите и “тешките” песни кои можеби не стануваат инстант хитови и е потребно подолго време да станат слушани, но затоа носат посебна тежина и се безвременски, сепак секогаш оставам простор и за некое музичко изненадување, како што пред неколку години беше мојата преработка на евергринот “ На Велигден” во етно џез стил, вели Пепа.
Видео спотот го изработи продукцијата Фабрика, a ова е воедно и петто видео издание на песна од Пепа Димитрова со кое само се потврдува желбата и стремежот за богата музичка кариера исполнета со убави песни и видеo спотови.