gojcev

(Скопје, 1.11.2018)

Поп пејачот Ѓоко Ѓорчев во МОБ, синоќа одржа славенички концерт- по повод својот јубилеј 25 години со песна.

Во опуштена атмосфера, во присуство на своите најголеми пријатели, поддржувачи, автори и обожавателки, неготинскиот алијас „македонскиот Том Џонс“ ги испеа своите најголеми хитови. Почна со рефрен од познатата „За еден ден “, а пред крај и ја изведе незаборавната „Последен танц“ во дует со Катерина Таневска.

Тој е како виното…го годините добива на „вкус“. Тоа го потврдија и присутнит екои го слушаа синоќа. Англиските и италијанските евергрин балади, по чија репродукција е познат, ги пееше сам, а некои и во дует. Негови гости на сцена беа „Трио Џентлменс“, Трифун Костовски , оперската певица Кристина Палија, Ирена Филип Стефановски бенд и Ирена Крстевска Стефановска, Зоран Џорлев.

Романтично, и како со времеплов лежерно пловење по мирни води !

Славеникот , кој настапувал и освојувал највисоки награди на најпознатите домашни, но и некои балкански фестивали, и кој засега има снимено четири албуми, порача дека уште долго ќе го слушаме, уште долго ќе (ни) пее!

Снимка може да се погледна на ФБ профилот на специјализираниот музички портал muzika24.mk

https://www.facebook.com/muzika24.mk/

Валентина Ѓоргиевска Парго

Advertisements