(Скопје, 1.11.2018)

Вечерва во Скопје, а утревечер (2 ноември) во Битола ќе се слуша музиката на во моментов најславната рок група во светот, „Ред хот чили пеперс“.

Инаку, денес е и роденден на фронтменот на бендот, саканиот пејач Ентони Кидис.

maxresdefault

Што се однесува до бендот, кој ќе настапи со нивна музика, “Red Hot Chili Peppers World Tribute“ е бенд формиран во Бразил – Сао Паоло во 2003 година, и е првиот светски tribute на RHCP. Бендот работи 3 големи турнеи низ европа, едната во 2010 другата во 2013 година низ 38 градови и 11 држави, и 2017 низ повеќе од 50 градови и држави. Оваа година се 4 пат на европска турнеја. Светскиот Tribute на RHCP во Бразил има одржано големи концерти во преку 200 градови, исто така работат големи турнеи и фестивали низ Аргентина и Парагвај. Фронтменот на бендот е близок пријател со вистинските RHCP, и е дел од нивната книга “Fandemonium“ објавена во 2014 година, а бендот е составен од членови кои се од 3 разлилчни држави, препознатливи се по тоа што ја користат истата сетлиста, истите костими и инструменти, верувајќи дека тоа е единствениот начин да ја создадат истата атмосфера каква што е на концертите на светски познатите Red Hot Chili Peppers.

По барање на публиката, вечерва, на Први Ноември повторно во клубот Станица 26 во Скопје, публиката ќе има уште една можност да ја види Бразилската атракција “Red Hot Chili Peppers World Tribute“, бендот кој дефинитивно е најблиску до оргиналот од музички и костимографски аспект. Влезните билети се пуштени во претпродажба, публиката може да ги набави преку продажната мрежа на MkTickets по цена од 250мкд.

Online Tickets:
https://www.karti.com.mk/eTickets/TicketList.aspx?pEventID=2282&source=mktickets

Продажна мрежа:

Скопје:
Југотон ГТЦ 1 кат, Универзална Сала, ТП Гоги – Драчево, ТА Атлантик Турс

Македонија:
Coffee Lab – Штип, Кафе Агора – Куманово, ТА Бран – Прилеп, Тобако Вона Пет – Гостивар, Кафе Бар Концепт – Струмица, ТА, Ана Турс – Битола, ТА Атлантик Турс – Кавадарци, ТА Глобус Травел – Охрид, ТА Либеро Травел – Кочани, ТА Маридијан – Кичево, Тобако Монако – Гостивар

Декларација за лица под 18 години:
Лица под 18 години ќе бидат пуштени само во присуство на полнолетно лице или старател.

Информации и резервации
+389 70 340 499

 

https://www.facebook.com/events/308791766379227/

red

Advertisements