memamorfozis.jpg

(Скопје, 5 ноември 2018)

На 6 ноември од 20 часот во МОБ ќе се игра „МЕтаморфозис“. Овој современ балет го проблематизира телото како субјект на состојби и сензации, како збир на афекти. Делото се бави со соматското истражување низ техниките и анти-техниките на телесното, на вертикалното и хоризонталното, симетричното и асиметричното. Работи со позиции и антипозиции, а е јукстапозиција на кохерентното, иако се бави со симетрија и асиметрија во кореографијата, но и во изведбата. Кореографското интервенирање во просторот не е преку техниката и формите, туку преку нивно генерирање целта е да се исцртуваат различни позиции на телата кои се менуваат во него. Менувањето во движењето, менувањето на телесното, односно неговото реформирање низ изведбеното, нуди интервенирање во она што е балет, односно нуди нови прегледи на балетското тело како ново, променето и де-вертикализирано.

Мислата го дава импулсот за процесот на движење да започне. Телото го создава звукот.

Танцувањето ја материјализира музиката, и дава форма. Трансформацијата може да се случи.

Може да биде аметаболична, хемиметаболична или хомометаболична…од нас зависи.

Перформанс за внатрешната трансформација која директно влијае на надворешното.

Оттука привлекува или одбива.

Билети онлајн на Купи Карти За Се на следниот линк:

https://www.kupikartizase.com/Events/metamorphosis_skopje

Концепт и кореографија: Ивана Коцевска

Музика: Филип Глас, Иван Пенов

Пијано : Дино Имери

Костимографија: Милена Атанасова

Фотографија/ постер : Сашо Алушевски

Танчери: Христина Наќевска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Медина Јусуфович, Виолета Карајанова, Мила Ниновска, Матеа Каревски, Теодора Ежовска, Јована Зајкова, Мирослав Митрашиновиќ, Ендру Кук, Бојан Мицев,Теодора Ставревска, Ивана Коцевска

Advertisements