(Скопје, 7.11.2018)

Министерот за култура Асаф Адеми денеска во Министерството за култура оствари средба со членовите на танчарската група „Денсерс јунајтед МК“ кои во Киелце, Полска, на Светското првенство во хип-хоп танци го освоија првото место во паракатегорија …

Министерот за култура на средбата им го честиташе високото признание и им посака уште многу врвни резултати и нови награди преку кои успешно ќе ја промовираат културата на Република Македонија во светски рамки.

Toj истакна дека грижата за еднаков пристап за поддршка во културата за сите граѓани, вклучително и за лицата со посебни потреби, е неопходна и претставува сериозна должност и обврска. Последниот настап на „Денсерс јунајтед МК“ во Полска се реализираше со поддршка на Министерството за култура, а министерот за култура Адеми на средбата нагласи дека поддршката за овие амбасадори на културата ќе продолжи и во наредниот период.

Членовите на оваа танчарската група, заедно со нивните тренери, во изминатите години оствариле многубројни настапи и освоиле европски и светски медали во различни категории, а минатата година на Светското првенство во модерни танци што се одржа во Копенхаген го освоија третото место.

Advertisements