„Нека Новава 2019 година Ви почне со мојата нова песна која е со мошне интересен, весел и мелодичен ритам, песна која што преку својот ритам се надевам ќе ги згрее сите срца во овие зимски денови. За оваа песна ќе снимам видео запис“, за време на новогодишната ноќ  објави Гоце Илиески Балада за својата нова песна.
Песната носи наслов „Тоа остана“, музиката и текстот се негови, а аранжманот на Славко Ристески.
-Среќна Нова 2019 година! С Р Е Ќ Н И  П Р А З Н И Ц И !, во својот допис посакува Гоце Балада.

 

Advertisements