Министерот за култура Асаф Адеми присуствуваше на Новогодишниотконцерт на Виенската државна опера, кој годинава се одржа во чест наодбележувањето на 150-годишнината од основањето на оваа еминентнаоперска куќа.

Министерот Адеми, заедно со претставници на Министерството за култура, овој ексклузивен настан го проследи на лична покана од директорот на Виенската државна опера, Доминик Мејер, со кого оствари и работна средба.

На средбата со директорот на една од најзначајните оперски куќи во светот, министерот за култура Адеми разговараше за можностите за соработка меѓу оваа реномирана културна институција и националните установи од Република Македонија.

Во рамките на престојот во Виена, министерот за култура Адеми се сретна и со светски познатиот виолинист Шкелзен Доли, кој е член на Виенската филхармонија.

Advertisements