„Небо и земја“ е божиќната песна што ја снимија Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, „Некст Тајм“, „Љубојна“, хорот „Златно Славејче“, Ивица Јанкуловски (студио Алшар), Владимир Димовски (аранжман), Петар Христов (кларинет), Тимко Чичаковски (канон), Симона Богоевска (харфа), Владимир Цветковски ,(виолина), Владимир Димовски (виола), Кирил Јосифов (виолончело), Митко Иванов (контабас). Во снимањето беше вклучена и Даница Јолевска со драгоценото сведоштво за долгогодишната традиција на “Небо и земја” во битолскиот крај.

Имено, утре, недела, 6-ти Јануари, од 11 часот, Македонија ќе биде домаќин на најголемиот божиќен настан во регионот, на кој се очекува учество на неколку илјади деца од целата земја.

Во Скопје, на плоштадот пред Црквата Свети Димитриј, ќе се одржува „Голема Божиќна манифестација“ со Божиќен концерт и Божиќна претстава на кои што ќе им претходи топол дочек на коледарчињата преку Камениот мост со бесплатни Бадникови чајчиња и колачиња за секое дете.

За Божиќниот концерт се задолжени Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Тамара Тодевска, „Некст Тајм“, Димитар Андоновски, „Љубојна“ и хорот „Златно Славејче“, а за Божиќната претстава „Најдобриот подарок за Божик“ Снежана Коневски – Руси, Дејан Лилиќ и креативниот центар „Тинтири Минтири“.

Манифестацијата пред црквата Свети Димитриј во Скопје завршува во 12 часот, по што присутните деца ќе бидат поканети да ја оформат најголемата Бадникова поворка во Македонија, и со песна да се упатат кон Соборниот храм каде што пред специјално поставена голема Божиќна пештера, ќе бидат дарувани и со Божиќни пакетчиња.

Во исто време, Бадникови поворки на радоста, во кои децата на свечен начин ќе го најавуваат Христовото Раѓање, ќе се одржуваат во уште 34 населени места низ земјата, и тоа во Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово, Крушево, Ресен, Кичево, Радовиш, Велес, Штип, Струмица, Гевгелија, Валандово, Кавадарци, Куманово, Гостивар, Пробиштип, Свети Николе, Могила, Кривогаштани, Демир Капија, Неготино, Богданци, Вратница, Виница, Кочани, Делчево, Дебар, Ростуше, Велгошти, Брвеница, Беловиште, Старо село и Рогачево.

Песната може да ја слушнете на следниов линк

Advertisements