kosta

Божиќните празници донесоа зрак радост во домот на самецот Коста Бургов, откако познатиот и омилен фолк пејач Горан Кукиќ го посетил, заедно со истакнатата Вања Изова Велева, поранешна директорка на струмичката гимназија а сега на одредена функција во Скопје, инаку негова школска другарка.

Тие му донеле храна, за што Коста накусо ни напиша:

-Горан не сака да се пишува за тоа. Се гушнавме пријателски, им благодарам од срце! вели Коста и додава дека неговата благодарност е со цел да се оддаде признание на овој хуман гест, кој треба да е одлика и на другите музичари. Инаку, да потсетиме што напишавме пред Нова година:

Отако неговите документи за продолжување на пензијата на неговиот татко не успеаја да добијат зелено светло, струмичкиот кантавтор Коста Бургов е на работ на егзистенцијата. Пратил писма до сите релевантни луѓе и институции, одговор не добил. Затоа сега се обраќа и до музичката фела, со надеж дека некој ќе му помогне финансиски, за да ги дочека новогодишните празници барем пристојно. Секако, помош е добредојдена од секој кој сака да помогне, од земјава и од дијаспората.

Тој ја доставува следнава сметка 200000386006060 – Стопанска банка Скопје, Струмица. Доколку има дилеми дали е тоа сметката,а сакате да излезе во пресрет, можете да му се обратите на неговиот Фб профил.

https://www.facebook.com/kosta.burgov.182

Advertisements