Во Крушево денес, 25 јануари, се одбележа уште една годишнина од раѓањето на Тоше Проески. Претпладне, во 11.30 се положија цвеќиња на вечното почивалиште на Тоше, а од 12 часот почнаа низа настани во неговата спомен куќа.
Манифестацијата почна со настап на Сотираки Чакалар, обраќање имаше и градоначалникот на општина Крушево, потоа ученици од „Наум Наумовски Борче“  читаа извадоци од песните на Тоше. Се обрати и директорот на спомен куќата,  се доделија награди и благодарници, а на крај манифестацијата  заврши со настап на Елена Ристеска во чест на Тоше.
Организатори на настанот беа: Општина Крушево, Спомен куќа „Тодор Проески, Меѓународна фондација „Тоше Проески“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“.
Утре, во Центарот за култура во Битола од 19 часот, во негова чест негови песни ќе испеат познати поп пејачи во придужба на камерниот оркестар на Битола.

Инаку, денес и утре се одржа традиционалната крводарителска акција во Скопје и Крушево, во чест на споменот и на  роденденот на најголемата македонска современа легенда, Тоше Проески.

Advertisements