(25, јануари, 2019)

Со интерен избор во МРТВ е одлучено евровизиски претставник на Македонија во Тел Авив годинава да биде – Тамара Тодевска. Таа е пејачка која досега најмногу учествувала на оваа сцена, со трио настапи на Евровизија, со Тоше Проески во 2004 година како придружен вокал, во 2008 во Белград заедно со Гаџа и Врчак, кога за прв пат не се пласиравме во финале, и како придружен вокал на сестра и Тијана во 2014, кога повторно не се пласираа во финале.

Неколку композитори работат на песната, од каде потоа ќе се избере која најмногу и одговара. Во февруари ќе биде изборот. Новата главна уредничка во МТВ, Анета Андонова, најави промени во евровизискиот организационен тим.

Тамара е една од најдобите македонски вокали, со неколку хитови зад себе.

Advertisements