(Скопје, 10.02.2019)
Песната со работен наслов „Proud“ на авторскиот тим Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, поп пејачката Тамара Тодевска ќе ја пее на годинашниот Избор за песна на Евровизија во Тел Авив . Одлуката е донесена од консултативното тело на Македонската радио-телевизија, по иницијатива на Тамара на вчерашното преслушување на песните што неколкумина автори ги доставија до МРТ.
Во моментов се работи на продукциското оформување на финалната верзија на песната која наскоро ќе ѝ биде претставена на јавноста.
Евровизијата ќе се одржи од 14 до 18 мај, а евровизискиот настап на Тамара, која досега на евровизиската бина настапила три пати), на сцената во Тел Авив ќе биде на втората полуфинална вечер на 16 мај.
И Мадона ќе настапи во ревијалниот дел на финалето.
(Од настапот на Тамара, Врчак и Гаџа на првото полуфинале на Евровизија 2018)
Leave a Reply