Скопје, Плеј кафе, 13 јуни 2019 Звонимир Ѓукиќ Ѓуле денес во Скопје промовираше книга со песни “Море без обала” (Море без брег), како и истоимениот нов албум, на ЦД и двд. Организатор е БАГИ КОМУНИКАЦИИ. Патем, групата Ван Гог сними видеозапис за песната “Готово е се” од нивниот последен студиски албум “Море без обала”, ви го претставуваме.
“Ова видео е омаж на времето од кое доаѓаме, потврдувајќи дека вистинските вредности траат вечно.
Идејата ни беше преку енергијата на движење да ги споиме минатото и сегашноста. За слика на минатото, природен избор ни беше серијата “Образ до образ “, она божествено, безвременско шоу, на кое се восхитувавме и радувавме, на магијата на Милена и Драган. Бескрајно сме му благодарни на режисерот Здравко Шотра и РТС, кои ни ја дадоа својата согласност за користење и емитување на материјалот, вели Ѓуле и додава: “Со ова видео испишуваме посвета на времето кое не се заборава, антологиското шоу „Образ до образ„ мајсторот на режијата Шотра, на легендите Милена Дравиќ и Драган Николиќ и на сите Вам кои не прифаќате заборав!” https://youtu.be/2kjaLjz1SfU. 2019

IMG_20190613_125649.jpg