WP_20180421_13_27_07_Pro.jpg Една од фотографиите кои ги имам ставено во својата ахрива, е токму фотографија од пред неколку години, која го прикажува тогашниот директор на Младински културен центар во едно поинакво издание-облечен како пилот во ходникот како хостеса ги упатува посетителите. Тоа беше чинам некој филмски фестивал, а за некого смешната идеја на директорот, која барем не верувам дека била карневалска, значеше сигурно негова намера да се привлечат и анимираат посетители, оние помладите. Тоа е сосема нормално и логично, станува збор за центар кој во основа на своето создавање е и треба да биде културно светилиште на младите, да им ги отвори широко своите врати, да им ги отстапи своите капацитети, да им помогне во реализирање на нивната сценска презентација и да им даде ветар во грб. За жал, ова е само илузија, која во Мкц трае повеќе децении. Легендата вели дека тука некогаш почнувале со сценски активности многу млади бендови, уметници и изведувачи, некои од нив згаснале, некои влегле во легендите. Замислен како центар за млади,а функционален како центар за оние кои (многу) одамна тоа не се. Денес центарот е тоа. Каде и е како настанала оваа грешка, јас лично не би можела точно да ја лоцирам (иако во дел ми е јасно), но како и да е веднаш мора да се исправи! Некои го толкуваат дека е тоа центар за алтернативна уметност. Таков центар недостига на Скопје и што поскоро да се изгради или добие. Младинскиот културен центар е јасно дефиниран дека е тоа центар на младите, првенствено за оние до 27,28 години. Многу млади и ќе ви се доверат дека кога почнувале вртеле во центарот, праќале и мејлови, ама никој не им одговорил. Некои пак ќе се пофалат дека ете не очекувале, ама во одредени ситуации од Мкц им излегле во пресрет, ко божем тоа да не е нивното катче. Некои се фалат што таму (почнале да) ги носат своите полнолетни деца, а забораваат дека би требало да е обратно, ако повторно одиме според некоја логика. Мкц е меѓудругото денес и претежно комерцијален центар (и во дел треба да работи и комерцијално) со изнајмување и нудење во закуп на просторот од својот објект, но би требало да е така само кога тоа не се коси или не го узурпира концептот на младите. Нешто таму треба од корен да се менува. Затоа што младите фи нема, генералниот концепт е нарушен, узурпацијата можеби настанала свесно или несвесно, но ја искривила почетната намена. И, еве, го донела и прашањето- каков е тој Младински центар на кој неретко најмладиот посетител во публика е над 40 години? Каков е тој Младински центар околу кој наоколу неретко ти е страв да поминеш поради ризици и неприлики од ноќните активности и случувањата на Кејот пред Мкц, од луѓето наоколу чии ноќни активности се спротивни од законот, а никој ништо не превзема? Каков е тој центар за млади за кој најголем дел од младите никогаш не станале, за кој младите не знаат дека постои, а ни каде се наоѓа, освен од кажувања на своите родители или баба и дедо. Младински културен центар треба одново да никне, да се гради и развива во правилна насока,бидејќи скршнал од патот, а за тоа одговорноста е на Градот Скопје, на релевантните фактори и на властите, кои што поскоро мора да го освежат целосно и да го направат Младински културен центар центар за култура на млади. Валентина Ѓоргиевска Парго.

Advertisements