65661631_2585184374825206_433554954003677184_n.jpg(1 јули 2019) Викендов во Охрид се одржа 18-то издание на фестивалот „ КАНЕОФЕСТ “ 2019.Александар Темелков и Теодора Петруновиќ се победници

Публиката во Охрид имаше можност да ужива во новоизведените 29 композиции,кои музички си ги одмерија силите.
Фестивалот беше поддржан од Општина Охрид. Во името на Локалната самоуправа, свое обраќање пред публиката имаше Советникот во Советот на Општина Охрид, Ристо Николески.
–Вечерва, Охрид ќе живее со звуците на новосоздадените фолк и поп музички нумери, кои ќе ги изведат познати, но и надежни имиња од македонската музичка сцена, но и гости од Република Бугарија и Република Србија. Вие, учесниците на фестивалот ќе покажете што знаете и умеете, а нам ќе ни овозможите да уживаме во Вашите изведби. Со учеството на овој фестивал, Вие станувате дел од богатата културна сегашност и ќе станете дел од мозаикот на културните настани што се одржуваат во Охрид.
Локалната самоуправа ги поддржува и ќе ги поддржува ваквите настани со што се збогатува туристичката понуда за домашните и странските туристи. На ваков начин ја реализираме нашата стратегија за постојано внесување на нови содржини не само од областа на културата и забавата, туку и од спортот и другите форми на алтернативниот туризам, истакна Николески.
Фестивалот беше отворен со импозантниот глас на оперската дива Зорица Белиќ,која специјално за оваа прилика пристигна во Охрид,а веднаш потоа започна и натпреварувачкиот дел.Во ревијалниот дел после завршување на натпреварувачкиот дел на фестивалот настапија добро познатиот композитор Горан Милошевски,како и Дамјан Димевски,кој од сцената на „Звездите на гранд“ ,пред Охридската публика предизвика овации со композицијата „Тајно моја“ од Тоше Проески.
Гранпри во поп делот го доби Теодора Петруновиќ со песната „Болна рана“ (Србија).Автор на текстот е самата Теодора,а автор на музиката и аранжманот е Горан Милошески
Гранпри во фолк делот освои Александар Темелков,со песната “Љубов моја” .Аранжманот е на Славко Ристески,текстот е на Александар Темелков а музиката е на Стојан Лазаревски.Стручната жири комисија беше во состав на Димитар Павловски –текстописец и композитор, Ана Савиќ –сопственик на балетското студио „Ана“,Субија Ижеироски-претставник од фестивалот „Охридско лето “,Иван Јосимовски –уредник на музичкиот портал Музика 24 и Јован Трпески –сопственик на Морис Продукција
Останати награди во поп делот
Најдобар текст Огнен Неделковски-„Знам имаш друга“ – Деспина Спасов ска.
Најдобар Аранжман Горан Милошевски –„Знам имаш друга“ Деспина Спасовска
Најдобра сценска изведба „Сини очи “-Милана Лукиќ
Најдобар дебитант „Ако ме сакаш“-Јана Митева.
Прва награда од жири комисија –„Нова љубов“,Амбасадор бенд
Втора награда од жири комисија-„Љубовен блуз“-Малин Асенов (Бугарија)
Трета награда од жири комисија „Лето ти и јас“-група Уникат

Останати награди во фолк делот
3 награда од публика „Свадба “ –Здравко Кузески
2 награда од публика „Чудни пораки “ Златко Петрески,кој ја освои и третата награда од жири комисија
Прва награда од публика Дејан Добревски “Рашири знаме македонско “
Втора награда од жири комисија „Марија“ Горан Симевски
Најдобар текст „Пијан од спомени “Петар Миленковски
Најдобар аранжман „Ветени “ Сашо Маџароски Конди
Најдобар композитор Славко Ристески за песната „Марија “
Најдобра сценска изведба Венци Пенев за песната „Мајко добар ден “ (Бугарија)

Advertisements