jana 2ЈАНА, неодамна го оствари Твојот прв настап и прва награда, награда за дебитантка. Честитки за почетокот. Како се чувствуваш после Канео фест 2019. – Се чувствувам прекрасно после КАНЕО ФЕСТ 2919.Можам да речам-првиот сон е исполнет!
Многу си млада,имаш 14 години, а почетокот е веќе одличен. Како се создаде оваа песна, кој беше иницијатор за настапот?
– Да,навистина, почетокот и мене ме охрабри. Песната се создаде,од вистинска приказна,и затоа ја чувствувам како дел од мене. Иницијаторот е мојот професор Горан Милошевски, кој имаше и трпение и желба да тргнам по овој пат.
Тренд е сега пријавување на реални музичко шоуа. Имаш желба за нив, или ќе ги прескокнеш?
-За реалните шоуа сега не размислувам,и ќе ги прескокнам во периодот. Кажи ни нешто повеќе за себе-каде учиш, одиш ли на концерти, каква музика слушаш, кој ти е сонот?
-Учам во Кирил Пејчиновиќ во Кисела Вода,каде што завршив сега 8 одделение.Концерти посетувам,само со сестра ми или родителие, уште сум малолетна. Од музика слушам речиси се,но фан сум на забавна и поп музика,па затоа и сонувам да станам успешна во тој жанр!
Животот е пред тебе, а плановите во музиката веќе остварливи. Кој е следниот твој музички план?

-Планот ми е интензивно да вежбам со пеењето,да снимам спот за песната “Ако ме сакаш” ,што ја отпеав на Канео.Таа е дел од мене,а за понатаму времето ке покаже. Како ќе го поминеш летото, со твоите или со другарките? Патем, какви коментари доби од нив? -Летото повеќе со моите,секако ќе има време и за другарките.Па искрено добив само позитивни коментари,од сите околу мене, и вистински е најубавото чувство на светот.Да те пофалат тие што ти значат. За крај, кој е твојот идол и репер за естрада, сцена, музика?
-Имам идоли и од нашата и од српската сцена.Ја обожувам Тамара Тодевска,од нашата естрада тука е и Каролина Гочева.Тоше иако за жал не е помеѓу нас секогаш го слушам!!!Од пошироко Марија Шерифовиќ. ЕДноставно се што ќе ме допре и е добро,јас слушам.. .
jana

Advertisements