received_395157127772824. Кон крајот на Јуни се одржа “Канео фест 2019”, со триесеттина нови народни и забавни песни. Откако ги средите впечатоците, како директорка и водителка на истиот, какво е вашето задоволство од годинешниот фестивал?
-29-ти јуни беше закажан за 18-то по ред фестивалско издание.Оваа година се натпреваруваа вкупно 29 новосоздадени песни,што е навистина импозантна бројка за нас, бидејќи докажува дека музиката и желбата за создавање се уште живее,особено кај младите.Многу сум задоволна од бројката на квалитетни вокали,аранжмани,текстови кои пристигнаа,верувајте работата на жирито оваа година и не беше така лесна.Благодарам до сите кои го поддржаа фестивалот,да не ги набројувам посебно сите чинители кои овозможија да се случи една ваква прекрасна вечер.Уште позадоволна сум што ги проширивме нашите хоризонти на балканските простори, оваа година Република Бугарија и република Србија, чии претставници дел настапија на нивни мајчин јазик ,дел на македонски јазик што е за голема почит и им благодарам за тоа што балкански изведувачи снимија на македонски,тоа е секако огромна чест.И тука сакам само да кажам честитки до сите натпреварувачи и до сите наградени,се надевам ви го отворивме патот.
Годинава и двете програми, фолк и забавна, повторно се одржаа во една вечер. Колку е оваа програма подобра во смисла на тоа посетителите да можат го проследат целиот репертоар одеднаш?
-Целата програма траеше некаде околу три часа,а она што ја задржа публиката за целото времетраење значи дека им се допаѓа вака различен репертоар склопен како една содржина. Друга позитивна работа е тоа што сите изведувачи се во градот за време на целиот фестивалски ден и имаат прилика да се дружат запознаваат и да разменуваат искуства за наредни создавања
Годинава во ревијалната програма имаше и српска позната дива, која со својата ревијална изведба на светски песни му даде уште поголема тежина на фестивалот. Како дојдовте на идеја за нејзин настап?
-Зорица Белиќ прво е една прекрасна личност која многу ми е драго што ја запознав.Таа е оперска дива која живее во Нови САД, а настапува нсекаде низ светот,инаку сопран и академски образован музичар.Познанството со Зорица доаѓа од друг фестивал на документарни филмови,„Профест“ каде ТВ Морис беше учесник и го освои првото место, а Зорица имаше свој настап.После тој фестивал продолжија контактите и всушност идејата беше на нашиот директор Јован Трпески да ја поканиме во ревијалниот дел,Зорица веднаш ја прифати поканата и се случи нејзиниот настап.
received_2040531802922117.
Освен тоа, забележан ќе остане настапот на повозрасниот шоумен во фолк делот, веселиот дедо Васко кој пееше и танцуваше весело. На фб предизвика големо внимание. Ова беше прв негов настап, “Канео фест” му го овозможи тоа како прифаќање и на повозрасни генерации на кои им се дава шанса на сцената?
-„Канео фест “ ги отвора вратите таму каде што изведувачите не успеале да стигнат до големите сцени,а не врз основа на возраста.Многу ми е жал што неговиот настап од одредени „медиуми“ беше злоупотребен, што од политички причини што од нелојална конкуренција. Дедо Васко е прекрасен дедо кој што животот го водел низ многу патишта и песната буквално му е лекот,и првенствено тие што се обидоја да го злоупотебат неговиот настап,сакам да ги прашам каде ви е почитта кон постарите првенствено ? Инаку за тие што не беа тука дедо Васко и највеќе ја забавуваше публиката и беше баш симпатично.Што се однесува до прифаќањето,ние ги прифаќаме композициите врз основа прво на демо снимка,а потоа врз целосно сработена композиција,така да никој неможе точно да биде сигурен кој колку години иа и како ќе се изрази на сцена,затоа сме и отворен фестивал,така што сите се добредојдени само нека имаат енергија на сцена.
Фестивалот се одржа на самиот плоштад, како и минатата година, а низ годините на Антички театар, Долни сарај, Домот на културата “Григор Прличев” , на пристаниште.Сметате дека оваа локација е најзгодна за самите туристи,кои поминуваат од тука во ноќните прошетки?
-Сите сцени коишто се споменати се прекрасни сцени,и малку и потешки за работа,особено Долни Сарај и Антички театар,оваа локација е полн погодок пред се затоа што сме во лето и отворена сцена е она што и ни доликува,а центарот на градот неможе никако да биде грешка затоа што постојано има публика,и тоа публика која се менува,значи публика е целиот град. Оваа година на сцената како заднина имавте цртеж од стари охридски куќи, симбол на градот. Кој ја подготви, по чија идеја?
-Сцената ќе стои цело лето во центарот на градот,затоа што сега тоа е местото каде што се одржуваат повеќето културни манифестации. Знаете, секоја година се разговара за локацијата со општинските претставници, и оваа година одлучивме дека одликата на градот,во центарот на градот ќе не претстави најдобро,секако со наш дополнителен декор.
Се уште е многу рано да се зборува за следната година, но барем како идеја – имате ли во план се повеќе да ги отворате вратите за младите таленти, во Македонија речиси и не постои фестивал и манифестација која тоа го прави така интензивно како ” Канео фест”.
-Да навистина е рано,но ние ќе постоиме се додека постојат луѓе кои сакаат да пејат и да создаваат.Тоа е првичната замисла и се додека се оди по тој терк нема што да ни ги сруши границите, затоа што работиме за музиката, нели?
Валентина Ѓоргиевска Парго received_469477467224780

Advertisements