67184835_3494480120577662_6836584201374924800_o.
Нема ни работа, ни социјална помош. На работ на егзистенција е,откако починале неговите родители пензионери. Секогаш кога поддава молба за некаков вид социјална помош е одбиван, последен пат неодамна, со образложение дека нема основа за да добие било каква помош. Не се земаат во предвид ни неговите проблеми со нарушено менталното здравје. – Не знам веќе каде да се обратам. И пишував и на пратеничката од Струмица, и на комисијата, а некои од нив дури ме блокираа на фејсбук. Последен пат кога бев на комисија, член на комисија само ми рече “имај убав ден”. Потоа ми стигна решение дека сум одбиен, се жали со стегнато грло Коста Бургов. Тој вели дека гладува, дека животот кон него е суров, неговиот живот нема смисла, реалноста за него е безнадежна, дека нема имот, неговите ништо не му оставиле и дека му се следува пензијата од татко му. Или барем некој вид социјална помош. Често пати завршува на болница. Единствено малку го веселат фотомонтажите кои му ги прави Светислав Цеце Трајковски и добиваат сертификати за популарни на фејсбук. А за да сними весела авторска песна, како некогаш, тоа веќе нема шанса. Ние не знаеме како да му помогнеме, иако многу сакаме ако некој знае, нека понуди решение. received_52009747872809767184835_3494480120577662_6836584201374924800_o.jpg

Advertisements