69553849_910127626029642_8727072605703503872_n Во скопскиот клуб „Станица 26“ на 12 и 13 септември (четврток и петок) од 21 часот ќе се одржува познатот „Blues & Soul Festival 2019“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.

Според програмата во четврток е грчкиот четричлен состав „Zippy Nappers“, но и италијанско-американскиот „Leon Hendrix & Fulvio Feliciano Band IN NAME OF JIMI, инаку Леон брат на легендата Џими Хендрикс.

Во петок концерт ќе имаат „Török Fehér Duó“, унгарско дуо на гитара и флета, а истата вечер е резервирана и за домашниот состав „The Mole Pack“.

За првата вечер влезниците се 400 денари, додека за втората 300 денари. Влезници во продажба онлајн на https://www.karti.com.mk/ и билетарата на Станица 26 пред концерт. 69500249_664674934031117_1931726369612365824_n.jpg

Advertisements