69553849_910127626029642_8727072605703503872_n

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје го најавува најновото издание на „Блуз и Соул Фестивалот“ што ќе се одржи на 12 и 13 септември 2019 година во „Станица 26“.

ПРОГРАМА :

12 септември почеток 21:00 часот

-“Zippy Nappers” (GRC)
– “Leon Hendrix & Fulvio Feliciano Band” IN NAME OF JIMI (ITA/USA)

13 септември почеток 21:00 часот

– “Török Fehér Duó” (HUN)
– “The Mole Pack” (MKD)

Билети во продажба онлајн на https://www.karti.com.mk/ и билетарата на Станица 26 пред концерт.

Фестивалот е поддржан од Град Скопје, Министерство за култура и Унгарската Aмбасада во Скопје.

* * * * * * *
БРАТОТ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ ЏИМИ ХЕНДРИКС, ЛЕОН, ЗА ПРВПАТ ВО СКОПЈЕ И НА БАЛКАНОТ

“Leon Hendrix & Fulvio Feliciano Band“(ITA/USA)
Leon Hendrix – гитара
Fulvio Feliciano – гитара
Marco D’Angelo – бас
Luca Mariani – тапани

Фулвио Феличиано е еден од најпочитуваните блуз и рок гитаристи во Италија и од сите проекти, неговиот проект посветен на музиката на Џими Хендрикс е особено популарна кај љубителите на музиката. Покрај неговиот сопствен материјал и класични блуз песни, неговиот сет вклучува и неколку од најдобро познатите песни на Џими Хендрикс, кои се одлично прифатени од фановите низ Европа.
Репертоарот кој Феличиано може да го понуди на неговите настапи во живо е огромен и вклучува 40 песни кои ја опфаќаат дискографијата на Хендрикс, со цел да ја вратат, односно повторно да ја креираат таа атмосфера, тој звук, нудејќи психоделично шоу длабоко вкоренато во блузот и фанкот, кои ја карактеризираат музиката на Џими, оставајќи простор за инстинкт и импровизација.
Фулвио Феличиано вокал и гитара придружен од неговиот бенд, Марко Д’Анџело на бас и вокал, и Лука Мартини тапани и вокал, двајца експерти во областа на хендриксовата музика.
Фулвио има свирено на сцени низ Европа и е на третата турнеја заедно со Леон Хендрикс (братот на Џими). Во 2011г. ја претставуваше Италија на Интернационалниот Фестивал Џими Хендрикс во Виена. Како значајна, може да се издвои соработката со Натаниел Петерсон во бендот „Twin Dragons“ која траеше 9 години и преку која тој свиреше рамо до рамо со два одлични тапанари, првиот Мајк Терана (Yngwie Malmsteen) и после Џон Макалусо (Sinphony x). Последното извонредно искуство со „Twin Dragons“ беше турнеја со италијанската рок ѕвезда Пино Ското, со кого има снимено две песни и видео запис.
Има учествувано на настапи и фестивали посветени на Хендрикс, самостојно, но и како дел од бенд со Ули Џон Рот (Scorpions) и Греам Оливер (Saxon) и Стен Скиби (Billy Cox). Беше во улога на музичар на сесија на големиот Вини Мур (UFO) за турнејата Solo World Tour 2011, со Ки Марсело (Европа) во 2009г.
Стотици соработки со уметници како Eric Martin (Mr.Big), TmStevens (James Brown), Cheryl Nikerson (Ray Charles), Andrea Braido (Vasco Rossi), Eric Daniel (Zucchero, Joe Coker), Mike Applebaum (Moricone, Joe Coker), Rick Latham (BBKing, Edgar Winter), Mario Schillirò (Zucchero), Vince Pastano and Stef Burns (Vasco) итн…
Eric Martin (Mr.Big), TmStevens (James Brown), Cheryl Nikerson (Ray Charles), Andrea Braido (Vasco Rossi), Eric Daniel (Zucchero, Joe Coker), Mike Applebaum (Moricone, Joe Coker), Rick Latham (BBKing, Edgar Winter), Mario Schillirò (Zucchero), Vince Pastano and Stef Burns (Vasco) .. etc ..
Леон Хендрикс е братот на покојниот гениј од Сиетл, икона на американскиот рок, Џими Хендрикс. Тој е уметник, текстописец и гитарист кој започна да се занимава со музиката малку подоцна во животот. Има издадено неколку албуми. Најдобро е познат по неговите оригинални илустрации. Во 2012г. ја издаде во печат својата книга насловена „A Brother’s Story“.
Моментално е на турнеја под наслов “Fulvio Feliçiano Band In Name Of Jimi”, за да ја свири музиката и да го пренесе искуството од животот покрај неговиот брат Џими.
* * * * * *

Advertisements