Безвременскиот Жељко Бебек со својот бенд ќе настапи во Скопје, со два концерта, во Македонската филхармонија, на 28-ми и 29-ти март.

Легендарниот Жељко Бебек со својот бенд ќе ни овозможи во навистина раритетниот простор на Македонската филхармонија, конечно, да ги слушнеме во живо безвременските хитови од „Sanjao sam noćas da te nemam, „Sve će to o mila moja prekriti ruzmarin snjegovi i šaš“,„ Selma“,„ Ima neka tajna veza“, „Doživjeti stotu“…, потоа „Oprosti mi što te volim“, „Laku noć, svirači“…, па сѐ до актуелните песни од последниот албум на Бебек – „Ono nesto nase“, како и „Ako volis ovu zenu“, „Ljubav ko iz pjesme“ и други, со кој ги наполни буквално сите концертни сали во регионот.

Да потсетиме, во најголемата група на Балканот на сите времиња „Бијело дугме“, поминаа уште двајца пејачи, ама покрај Горан Бреговиќ, посебен белег на бендот со дури шест албуми даде токму Жељко Бебек, неприкосновен вокал, кој ги отпеа најголемите песни на бендот, а и по „Бијело дугме“ успеа да направи многу респектабилна соло кариера.

Во Македонската филхармонија сѐ ова ќе биде споено во едно. Иако изгледа неверојатно за толку голем пејач, ова е првпат во неговата кариера Жељко Бебек заедно со својот бенд да настапи соло во Скопје.

Влезниците се пуштени во продажба утре наутро во 9 часот, на следниот линк, како и на продажните места во мрежата на организаторот на концертот и земјата и онлајн .