Васил Гарванлиев вчера, 8 март, ја промовираше песната You („Ти“), со која ќе ја претставува Македонија на 65. Евровизија, во мај во холандскиот град Ротердам.

Автор на музиката е Невена Нешкоска, композиторка и продуцентка од Охрид која работи и живее во Чикаго, а текстот е заедничко дело со сестра ѝ Калина Нешкоска и со Американката Алис Шредер.

Продукцијата и аранжманот на песната, покрај Невена Нешкоска, ги работеа и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, додека спотот го режираше Милена Витман.