Мијата го сподели новиот сингл насловен Regret, песна која се најде на албумот Небеска, а која дури сега во овие кризни времиња дочека своја видео илустрација.

-Regret e производ на мојата соработка со Давор Јорданoвски кој се потпишува како аранжер а јас сум автор на музиката и текстот. Продуценти на песната се Давор Јордановски и Ѓоко Мишковски, а снимена е во Big Bang Music Recording Studio во Торонто како и во Rock’n Roll студио од Скопје (кој беше воедно и издавач на албумот Небеска)вели таа. 
Видеото го изработи Иван Куртевски,а  Бане Поповиќ дозволи да користат материјали оригинално снимени од Томато Продукција. 
-Иако песната ја темпирав за месец март како Месец на Жената, со новонастанатата ситуација текстот на Regret добива уште подлабока и универзална симболика, додава пејачката.