На првиот ден на летото и светскиот ден на музиката „Fête de la musique“, 21-ви јуни, се отвори манифестацијата Скопско лето, со операта без зборови насловена „Од оркестарот за публиката“, во Салонот на Националната опера и балет.
Учествува Оркестарот на Националната опера и балет. Диригенти Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер на настанот беше Трајко Јордановски. По поздравните говори од директорот на Скопско лето ,господинот Никола Глигоров, и на градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, се кренаа завесите на манифестацијата, која ќе трае 40 денови, со изложби, концерти, промоции, претстави и филмови на разни локации
Leave a comment