Диџејот и продуцент Ербил Џемоски, повторно изненадува со нови песни. Воедно тој има доста добри вести за споделување. Целиот вложен труд сега му се враќа со посакувани резултати, а тоа може да се види од бројката на прегледите и слушањата на најпопуларните платформи како што се Youtube, Apple Music, Deezer, Shazam исто така може да се пофали и со слушателите на Spotify која гласи за една од најпопуларните музички платформи за слушање на песни.
За љубителите на Soundcloud Џемоски гласи за фаворит кој секојдневно ги надминува сопствените граници и постојано расте бројот на слушатели и фанови кои се обожаватели на Deep House музиката. “Како што гледам од ден на ден растат бројките на музичките патформи, добивам поголема желба и инспирација за креирање на нова музика. Возбуден сум од фидбекот на слушателите кои со големо внимание го следат секој мој нов запис. Но сето тоа се должи на моето музичко минато и љубовта кон музиката кои ми се врежани во моите гени од моето рано детство“ вели Ербил Џемоски

Во патешествието со музичките нумери Ербил има потпис на петнаесеттина песни, за кои вели дека се доволно за издавање на едно цд, кое би било“Special Edition“ односно компилација на неговите најдобри дела. Но за сето тоа да биде крунисано со успех најважни се слушателите кои тој ги има во голем број од Америка, Холандија, Германија Русија и Турција. Тоа се статистички информации кои се проследуваат на неговиот официјален профил на социјалните мрежи.

Светските трендови покажуваат дека колаборацијата на добри музичари дава одлични резултати и истите соработки се искачуваат на самиот врв на топ листите. Ербил ги оддржува контактите со продуценти од Германија, Грција, познати продуценти од Турција, како и најдобриот пријател од Русија кој живее во Дубаи со кој веќе има неколку соработки.
Важен момент за него пред се` е тоа што неговиот труд, напорната работа и вложената љубов во неговата музика добива доста позитивни коментари на сите пратформи, а слободно може да се пофали дека често пати се наоѓа и во топ музички листи кои можеби за нас се непознати но за љубителите на _ музиката се доста популарни.

Најновата песна на Ербил Џемоски и Сандр Воксон;
https://www.youtube.com/watch?v=QwGgS9L3hFA

Линкови на артистот;
SPOTIFY
https://open.spotify.com/artist/5as3ou5Sms4y5NjDzel7aX

FACEBOOK PAGE
https://www.facebook.com/erbildzemoski/

INSTAGRAM
https://www.instagram.com/erbildzemoskiofficial/?hl=en

SOUNDCLOUD
https://soundcloud.com/erbildzemoski

MIXUPLOAD
https://mixupload.com/erbildzemoski